Влашка Пита, Омилениот Појадок

Влашка Пита, Омилениот Појадок

Ако има некој појадок кој не престанува да ме изненадува, тоа е со сигурност влашката пита. Оваа извонредна пита е често на моето мени, особено за појадок.

Ја обожавам со секакви филови-од дробено вкусно сирење со јајца до спанаќ. Нема да погрешите и ако си ја подготвите половина со еден и половина со друг фил. Сум сретнала и убави комбинации со праз или со мелено месо.

За да ви ја опишам оваа пита доколку ја немате пробано, ќе ви кажам два збора кои мислам се доволни да ме разберете колку е вкусна: мека и сочна!

Кој фил да го изберете, едно е сигурно: оваа лисната пита нема никого да остави рамнодушен и сите ќе се прашуваат кога повторно ќе ја подготвите.

На овој начин, ги задоволувате сите вкусови во вашето семејство, а сигурна сум дека честопати се разликуваат!

Супер комбинација ми е со чаша јогурт или со кисело млеко.

Влашка Пита со Сирење и Спанаќ Рецепт

За тестото ви е потребно:

600 гр. брашно

100 мл масло

1/2 квасец

1 јајце

300 мл млеко (може 150 мл да се вода)

2 лажички сол

3 лажички шеќер

Подготовка:

Направете меко тесто од состојките. Нека одмори 15 минути па потоа поделете го на шест топчиња.

Од секое топче, расукајте кора во големина на поголема чинија и премачкајте ја секоја со растопен маргарин или путер (за сите кори ќе ви биде потребно вкупно 200 гр.).

Потоа, секоја поединечно ја преклопувате како лиснато тесто. Ако не знаете како, овде можете да ги видите чекорите. Потоа, префрлувате во комора половина час.

Од секоја кора, расукајте поголема кора. Попрскајте со истопен маргарин или путер и ставете од филот. Сите кори ги редите една врз друга.

На последната не ставајте фил. Расукајте поголема кора и исечете ленти од 1 цм до 2 цм во ширина. Виткајте да направите спирала од секоја и наредете ги во тавче едно до друго.

Премачкајте ја целата пита со изматена жолтка и посолете со сусам и можете други семиња доколку сакате. Нека отстојат 20 минути. Печете на 180 степени Ц, околу 30 минути.

За филот:

200 гр. крем сирење

300 гр. урда

1/2 кг спанаќ, измиен и исчистен, ситно исецкан

Измешајте убаво.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *