Домашниот сок од кајсии е незаменлив, нели? Овој вкус од детството не се заборава и мислам дека ретко кој не сака да ужива во чаша домашен сок. Па уште ако е лето и имаме високи температури, освежувањето со домашен сок е загарантирано!
Минатиот пат ви го споделив мојот рецепт за домашен сок од јагоди коj на многу од вас ви се допадна. Затоа и решив да го споделам со вас и мојот рецепт за сок од кајсии!
Кајсиите кои ги користев се домашни-ги набрав од мојот двор и ги искористив за преубав сок. Секако, вие можете и да си ги купите на пазар или во маркетите затоа што сега им е сезоната и се многу вкусни и сочни.
Лесно се подготвува и брзо се пие, оваа сокче навистина вреди да се проба и сите генерации ќе уживаат.
Сочувајте си го рецептот и пробајте го, топло ви го препорачувам…
Домашен Сок од Кајсии Рецепт
Потребно ви е:
2 кг. кајсии, исчистени и измиени
2 л. вода (може да треба помалку или повеќе во зависност од сочноста на кајсиите)
300 гр. шеќер
Шишиња или тегли
Подготовка:
Ставете ги кајсиите во водата да зовријат. Кога ќе зовријат, гответе ги уште 10 минути.
Тргнете на страна и да се олади малку. Изблендирајте да се спои смесата убаво. Потоа, процедете на ситна цедалка. Додадете го шеќерот и ставете да зоврие. Откакао ќе зоврие, гответе уште 15 минути.
Сипете во претходно стерилизирани и топли шишиња. Додека се уште топли, ставете ги во рерна, околу 20 минути на 100 степени.
Извадете ги шишињата и чувајте ги во фрижидер.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!