Кога имаме високи температури, не сме многу расположени да поминуваме многу време до шпоретот, нели?
Но, тоа не значи дека не можеме да си подготвиме вкусен десерт. На пример, еден ваков лесен кој не треба да се пече!
Овој популарен Турски колач е попознат како паша локум или султанова слатка сарма.
Подлогата може да биде со Плазма или кокос. Кое и да го изберете, нема да погрешите! Овие лесни штрудлички се преубави!
Кога го видов рецептот на Инстаграм на профилот на @moje_djakonije, знаев дека морам да го пробам!
И токму таков е како на сликата:сочен, освежителен и кремаст.
Освојува со својата едноставност и секое залче е уживање…Ова е за сите љубители на Плазма и чоколадо.
Плазма Паша Локум Рецепт
За подлогата:
200 гр. мелена Плазма (или 200 гр. кокос зависно од тоа која подлога ќе ја изберете)
За филот:
1 л. млеко
200 гр. шеќер
125 гр. меко брашно
2 лажички густин
2 лажички какао
100 гр. чоколадо за готвење
200 гр несолен путер
+200 мл. слатка павлака
Подготовка:
Обложете тавче 33×40 со хартија за печење. Распоредете ја Плазмата врз хартијата рамномерно.
Во тенџере, ставете ги шеќерот, брашното (просеано), густинот, какаото и млекото.
Измешајте да нема грутки. Гответе неколку минути мешајќи постојано. Гответе додека не добиете густ крем, слично на пудинг.
Потоа, тргнете од шпоретот и додајте ја чоколадата и путерот.
Мешајте да се стопи и соедини се. Прелијте ја плазмата со оваа смеса. Премачкајте веднаш затоа што бргу ќе се стегне.
Нека се олади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер неколку часови.
Во меѓувреме, изматете ја слатката павлака и распоредете ја врз филот. Потоа, со помош на хартијата за печење, почнате да го мотате ролатот одоздола нагоре.
Ако не сакате поголем ролат, можете и да ја исечете кората на половина по должина, па потоа на 6 делови во ширина и свиткајте го секое делче посебно. Ќе добиете вкупно 12.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!