Ако барате креативна, вкусна и необична идеја за прилог или едноставна и брза закуска за кога ќе пристигнат неочекувани гости, овие полнети печурки со моцарела и гауда ќе ви ја исполнат секоја желба.
Зошто да го Пробам Овој Рецепт?
Сочни, лесни за правење и кремасти, овие печурки можат да бидат одличен додаток на вашата чинија со месо и компири или пак да заменат некој од оние стандардни прилози кога сакаме да пробаме нешто ново.
Секој во вашето семејство кој сака печурки и млечни производи ќе го обожава овој рецепт, па затоа не заборавајте да го споделите со нив. Употребата на маслиново ќе му даде посебен шмек на оваа јадење!
Потребни ви се само неколку едноставни состојки и забавата може да започне. Подгответе си ги уште утре и уживајте!
Ајде да го ѕирнеме рецептот заедно…
Полнети Печурки со Моцарела и Гауда
Потребни ви се:
Свежи печурки (шампињони), што покрупни, тоа подобро
Маслиново масло
Лук во прав
Свеж магданос
Подготовка:
Се бришат убаво печурките и се вади стебленцето од секоја. Иако многу од вас веројатно ги мијат печурките, јас избегнувам да го правам тоа затоа што го губат вкусот.
Потоа, ги премачкувате со смеса направена од маслиново масло, лук во прав и магданос.
Сега, почнувате да ја полните празнината на секоја печурка со претходно кратко-испржените стебленца на малку масло. Додавате и по едно парче гауда и моцарела. Пред печење, испрскајте ги со маслиново.
Се печат 15 до 20 минути на 200 степени Ц.
Сервирајте самостојно или како прилог!
На здравје.
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka со 8000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!