Сникерс Торта: Потполно Уживање

Сникерс Торта: Потполно Уживање

Ако постои торта што никој не може да и одолее, мислам дека тоа е ова Сникерс торта.

Направена со кикирики, вкусот потсетува многу на Сникерс колачето, а нуди уште поинтересен и поинтензивен вкус.

Кремаста, чоколадна, и со препознатлив мирис и вкус на кикирики, ќе ве освои на прва. Ја подготвив неодамна за прв пат и морам да ви признаам дека бев презадоволна и морав да го споделам рецептот со вас!

Ако сте љубители на домашни торти, мора да го пробате овој рецепт. Верувајте ми, секој што ќе ја проба, веднаш ќе ви го побара рецептот…

Сникерс Торта Рецепт

За корите (потребни ви се 3 вакви):

5 белки

6 лажици шеќер

5 лажици мелени кикирики (претходно запечени)

1 лажица брашно

1 лажица презла

Подготовка:

Се матат со миксер белките и шеќерот. Додајте ги и останатите состојки и измешајте со лажица. Префрлете во тавче 20×30 и печете на 200 степени околу 15 минути.

Фил бр 1

1 л млеко

300 гр шеќер

4 пудинга од карамела

200 гр путер

200 гр изматена хопла

Подготовка:

300 гр шеќер се карамелизира на тивко во тенџере. Додајте му 800 мл млеко кога ќе се стопи. Посебно изматете 200 мл млеко со пудинзите.

Ги додавате на шеќерот и млекото и готвите да добиете густ крем. Потоа, тргнете на страна и покријте со стреч фолија. Нека се олади убаво.

Кога ќе се олади, се додаваат:

200 гр посебно изматен путер

200 гр изматена хопла

300 гр мелени, несолени кикирики, претходно испечени

Соединете убаво.

Фил бр 2

15 жолтки

200 гр шеќер

Изматете па гответе на пареа околу 20 до 25 минути. Тргнете на страна и покријте со стреч фолија да се лади.

Кога ќе се олади, додајте:

300 гр чоколадо за готвење

200 гр изматен путер

Соединете убаво.

За да ја составите тортата, наредете ја вака:

Кора

1/2 од Фил бр 1

1/2 од Фил бр 2

Кора

1/2 од Фил бр 1

1/2 од фил бр 2

Кора

За покривање на тортата, јас користев ганаш. За да го направите, 200 мл хопла и 200 гр чоколадо за готвење се топат на пареа (тргнете пред да зоврие) и нека се олади малку, па се посипува врз тортата.

За декорацијата јас користев:

Шлаг

Сникерс чоколатца

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои скоро 8000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *