Кремаста Бајадера со Бадеми и Лешници

Кремаста Бајадера со Бадеми и Лешници

Бајадера со бадеми и лешници звучи супер!

Мислам дека Велигденската трпеза ретко кога поминува без ситни колачи или некој друг превкусен десерт, се сложувате ли? Некако веќе ни е традиција и сакаме да направиме нешто што знаеме дека ќе им се допадне на сите.

Ако и вие сте по потрага по вкусен десерт како оваа кремаста бајадера со бадеми и лешници, на вистинското место сте!

Оваа бајадера е уживање за сите сетила и никој не може да и одолее-не само што изгледа преубаво, туку и вкусот и е незаменлив!

Се прави лесно и брзо, така да не мора да сте многу искусни во кујната да си го направите овој превкусен десерт.

Кремаста Бајадера со Бадеми и Лешници Рецепт

Потребно ви е:

Тавче со димензии 25×15 или модла за бајадера

2 тенџерчиња

200 мл вода

200 гр шеќер

160 гр путер или маргарин

Ставете по 100 мл вода, 100 гр шеќер и 80 гр путер/или маргарин во секое тенџере. Ставете ги на тивок оган да се топат.

Кога ќе се стопат, во едното додајте 100 гр бело чоколадо а во другото 100 гр црна чоколада.

Мешајте и додајте во двете по 200 гр Плазма или мелени бисквити, 100 гр мелени лешници и 100 гр мелени бадеми.

Двете смеси ги делите на половина и од секоја формирајте кора внатре во тавчето или во модлата и наредете ги една врз друга вака:

Црна

Бела

Црна

Бела

Префрлете во фрижидер 24 часа да отстои па ја ставате глазурата од 200 гр чоколадо и 100 мл масло подготвени на пареа.

Убаво посипувате одозгора низ целата и враќате во фрижидер да се стегне глазурата. Сечете по желба!

Ако сеуште немате смислено декорација за Велигденските јајца, пробајте некои од моите природни предлози, едниот е декупаж, а другиот со тревки!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 7700+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *