Неодоливи Кроасани за Целото Семејство

Зарем има нешто повкусно од воздушести, меки кроасани полни со крем или мармалад? Па уште ако ги јадеме додека се топли… навистина се храна за уживање!

Без разлика дали ќе ги искомбинираме со кафе, чај или млеко, тие се омилена закуска на сите генерации, но дефинитивно се фаворит помеѓу нашите најмали.

Иако можеме да купиме кроасани во најблиската пекара или маркет, мислам дека единствениот вкус на домашни кроасани е незаменлив.

Не се толку Комплицирани како Што Мислите

Но, многу луѓе мислат дека домашните кроасани се комплицирани и дека треба многу искуство во кујната за да ги подготвите баш како што сакате.

Но, ова не мора секогаш да биде точно затоа што секој може да направи вкусни кроасани без да има многу искуство во готвењето- потребен ви е само точниот рецепт!

Не го одложувајте вашиот првиот обид за вкусни кроасани кои ќе ви го разубават утринското или попладневното кафе и кои вашите најмили ќе ги обожаваат.

Погледнете го мојот детален рецепт и следете го чекор по чекор. Кроасаните бараат време, трпение, и месење, но трудот се исплати, верувајте ми.

За кратко време, можеби и ќе бидете мајстори за кроасани, никогаш не можеме да знаеме додека не пробаме, нели?

Домашни Кроасани Рецепт

За тестото, потребно ви е:

1 килограм брашно

2 јајца

200 мл млеко

200 мл вода

200 мл масло за готвење

1 коцка квасец

4 лажици шеќер

3 лажички сол

250 гр. путер или маргарин

За полнењето, имате неколку опции:

Чоколаден крем

Џем

Мармалад

Подготовка:

Измешајте ги состојките, освен путерот/маргаринот и почнете да месите тесто. Кога ќе го измесите убаво, поделете го на два дела.

Овие два дела треба да го поделите на 8 еднакви топчиња. Потоа, ставете едно од топчињата на набрашнета површина и расукајте го со сукалка и ставете малку путер или маргарин.

Ставете го наредното парче и повторувајте ја постапката со останатите, едно врз друго.

Последното не се премачкува со путер/маргарин. Вака споени едно врз друго, со сукалото, измесете го тестото да добиете еден голем круг. Со нож, поделете го кругот на 8 еднакви триаголници.

Премачкајте ги триаголниците со чоколаден крем, мармалад, џем или нешто друго по ваш избор. Виткајте ги од краевите кон средината.

Оставете ги 1 час да се надигнат и потоа печете ги во правоаголно тавче обложено со хартија за печење околу 20 минути на 200 степени Ц. За декорација, јас користев шеќер во прав и чоколаден сируп. Најубави се кога се јадат топли. На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 8700+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *