Мек и Сочен Посен Колач со Јаболки

Мек и Сочен Посен Колач со Јаболки

Нема некој што може да одолее на овој сочен посен колач со јаболки-мора да го пробате!

Со сигурност ваквите колачи ми се омилени за подготвување и навистина често ми се избор кога сакам да направам нешто благо, а не морам да потрошам многу време.

Но, ако имате повеќе слободно време и би сакале да ги изненадите вашите најмили со вкусна торта, мислам дека Јадранка тортата ќе ве остави без зборови.

Овој пат решив да го споделам овој рецепт и со вас затоа што забележав во нашата група дека на многу од вас ви се допаѓаат. Па, доколку го немате рецептот, запишете си го овој. Секогаш успева!

  • Мек и Сочен Посен Колач со Јаболки

Освен јаболките кои даваат посебна арома и вкус, колачот има и суво овошје и јаткасти плодови, правејќи го уште поголемо уживање.

Кога еднаш ќе го пробате, верувајте ми, често ќе биде на вашето мени. Сигурна сум и дека најмалите ќе пробаат затоа што има нешто нивно омилено исто така-чоколадоо!

Ајде да го ѕирнеме рецептот заедно!

Посен Колач со Јаболки

Потребно ви е:

15 лажици шеќер

15 лажици ладна вода

15 лажици гриз

15 лажици брашно

1 лажица сода бикарбона

2 лажици масло

100 гр ореви, сецкани

50 гр суво грозје

5 рендани јаболки

Подготовка:

Изренданите јаболки посипете ги со шеќер. Нека отстојат половина час па додајте им ги и останатите состојки.

Измешајте со дрвена лажица убаво па префрлете во тава 20×30. Се остава 60 минути па потоа го печете на 180 степени Ц, околу 30 минути.

На страна, подгответе го шербетот:

500 гр шеќер

1/2 литар вода

1 кесичка ванилин шеќер

Се става да зоврие и кога ќе зоврие, се готви 2 до 3 минути, па тргнете го на страна. Додека е топло, го попарувате колачот.

Пред попарување, избоцкајте го колачот на неколку места со вилушка.

Кога го попаривте, премачкајте го целиот колач со глазура. Може да биде вашиот омилен мармалад или чоколадо и сецкани ореви.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 6500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *