Убавината на Традицијата: Кумановска Сеченица со Кисела Зелка

Убавината на Традицијата: Кумановска Сеченица со Кисела Зелка

Ако веќе некое време го следите мојот блог, знаете дека обожавам да подготвувам торти и разни пити.

Затоа што споделив неколку супер рецепти за десерти во последниов период, сега одлучив да објавам еден рецепт за печиво што обожавам да го подготвувам.

Вистински пример е за традиционалната кујна на мојот роден град и мислам дека вкусот е незаменлив. Позната е како Кумановска сеченица.

Иако рецептот често го прават со полнење со сирење, морам да ви кажам дека е извонредна комбинација и со кисела зелка.

Па затоа, земајќи предвид дека е сезона на кисела зелка што многумина ја обожаваат, а плус е и здрава, решив да ја направам со овој фил.

Верувајте ми, нема да погрешите доколку и вие сакате кисела зелка-толку ќе излезе сочна и мека и совршен избор за појадок или ручек.

Со чаша јогурт или кисело млеко, ќе ја почуствувате вистинската магија на домашната храна.

Исто така, морам да спомнам дека не е премногу комплицирана, па и оние помалку искусните во правењето пити ќе си направат вкусно јадење.

Ајде да го ѕирнеме рецептот заедно!

Кумановска Сеченица со Кисела Зелка

За тестотo:

500 гр брашно

150 мл топло млеко

150 мл топла вода

3 лажици масло

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

1/2 лажичка сув квасец

За да го направите филот:

600 гр кисела зелка, ситно сецкана и испржена на масло

Кога ќе се олади, измешајте ја со 200 гр дробено сирење и 1 белка.

Подготовка:

Замесете меко тесто од состојките. Оставете го 15 минути. Потоа, поделете го на 15 топчиња.

Секое, расукајте го во големина на тацна за кафе.

Спојте ги по 3-редејќи ги едно врз друго. Вкупно 5 вакви.

Секое, премачкајте го секое со мешавина од маргарин претходно отстоен на собна температура (вкупно 150 гр) и 1 жолтка.

Од секое топче, развлечете кора во големина на тавче бр 28.

Попрскајте ги со малку масло. Сега, ставете и од филот.

Потоа, ставете ја првата кора во тавче бр 28 и наредете од филот. Повторувајте до крај кога ќе покриете со петтата кора.

Попрскајте со масло и сечете по желба. Можете да си ставите и сусам доколку сакате.

Нека отстои половина час пред печење. Загрејте ја рерната на 220 степени Ц а потоа печете на 200 степени Ц.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 6000+ членови кои споделуваат извонредни рецепти

Споделете:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *