Колачот што е познат кај нас на Балканот како Еврејска пита е всушност Flodni-традиционален колач со потекло од Будимпешта.
Денеска, се подготвува низ цела Унгарија и низ целиот свет.
Интересно е дека овој колач е симбол на различностите во Унгарското општество и колку истите можат да бидат убави. Секој од филовите ги претставува различните религии и етникуми кои живеат таму во хармонија.
Некои пак велат дека ги симболизира 4-те годишни времиња според 4-те филови. Без разлика на значењето, вкусот е извонреден.
Со своите 5 кори и 4 различни филови (мак, јаболко, ореви и сливи), можеби бара повеќе време да се подготви, но не е воопшто комплициран, а вкусот е неверојатен.
Зошто да ја Направам Еврејската Пита?
- филовите создаваат прекрасна мешавина од благо, горчливо и кисело што се надополнуваат едно со друго, создавајќи вистинско уживање
- секој залак е специфичен за себе и ќе ги почуствувате секој од филовите-во еден момент ја чуствувате киселоста на сочните јаболки, во наредниот го чуствувате јакиот вкус на миризливите ореви
- супер десерт е за разни прилики-се прави лесно и е соодветен за помалку искусните во кујна
- одлична комбинација е со кафе или чај
Еврејска Пита Рецепт
За тестото:
500 гр брашно
150 гр путер или маргарин
200 мл млака вода
1 лажица шеќер
20 гр свеж квасец
3 жолтки
Фил бр 1
200 гр мелени ореви
5 лажици шеќер
малку млеко
Фил бр 2
200 гр блендиран мак
2 до 3 лажици џем
4 лажици шеќер
80 мл млеко
Фил бр 3
4 поголеми кисели јаболки
4 до 5 лажици шеќер
1 лажичка цимет
Фил бр 4
5 лажици џем од сливи или кајсии
Подготовка на тестото:
Спојте ги состојките и измешајте убаво околу 10 минути-тестото треба да е меко.
Потоа, поделете го на 5 еднакви делови и покријте со чиста крпа. Нека отстојат 2 часа. Во меѓувреме, направете ги филовите.
Подготовка на филовите:
Фил бр 1
Нека зоврие млекото и потоа попарете ги оревите и шеќерот со него. Не треба да биде прегуста смесата.
Фил бр 2
Измешајте го макот, џемот и шеќерот и попарете ги со млекото.
Фил бр 3
Излупете ги јаболките и исечете ги на кришки. Гответе ги кратко и исцедете го вишокот сок. Измешајте ги со шеќерот и циметот.
Нека се оладат филовите. Размесете ги тестата да бидат во големина на тавчето во кое ќе ги печете.
Наместете го првото тесто внатре и ставете го филот бр 1. Продолжете со редењето тесто и филови. На крај, покријте со петтата кора.
Печете на 180 степени Ц околу 40 минути. Кога ќе се олади малку, можете да сечете по желба.
На здравје!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 5500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!
Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои 8500+ членови кои споделуваат извонредни рецепти!
Predobra pita. Probam je obavezno.
Здраво Горица,
многу ми е драго што одлучивте да ја пробате Еврејската пита по овој рецепт-уживајте.Споделете со нас фотографии како ќе излезе, поздрав