Лесен Рецепт за Манти, Кралицата на Питите на Балканот

Лесен Рецепт за Мантии, Кралицата на Питите на Балканот

Со овој лесен рецепт за мантии, ќе ви станат омилени за подготовка!

Ако сте љубител на бурек, зелник, мазник и пити воопшто, тогаш сигурно обожавате мантии. Но, не секој од нас ги има потребните вештини за тегнење кори за да си ги направиме.

Па затоа, ако сте го пробале овој познат специјалитет и би сакале полесен начин на подготовка, рецептот што го имам е совршен за вас!

Многу е полесен од стандардниот во кој корите се тегнат, а вкусот е еднакво добар и се вистинско уживање.

За оние кои само имаат слушнато за мантии, но не се баш сигурни што тие се, еве едно мало објаснување.

Мантии: Кралицата на Пити на Балканот

Овој специјалитет се прави од брашно и најчесто фил од мелено месо или сирење, слично на бурек. Филот се става внатре во малите квадрати или кругови од тесто.

Овие мали залчиња ја прават оваа пита уште понеодолива и вкусна за јадење.

Но, начинот на кој се подготвува се разликува од место до место-на пример, во Србија, најчесто се виткаат во квадрати додека во Босна и Херцеговина, се виткаат како кори и потоа се сечат на парчиња.

Интересно е дека името мантии велат дека е инспирирано од облеката на православните свештеници, т.е. мантија. Зошто и како, не знам баш точно!

Едни од најпознатите мантии се дефинитивно оние што се прават во Нов Пазар во Србија-нивниот начин на подготовка се смета за дел од нематеријалното културно наследство на Србија од 2012 година.

Овој рецепт по кој ги подготвив јас не е со тегнење на корите, но како што се подготвува лиснато тесто; тестото се премачкува неколку пати со маргарин и се остава да отстои некое време.

Верувајте ми, вкусот е совршен и толку се сочни и меки-превкусни се со чаша јогурт, мммм!

Мантии на Лесен Начин Рецепт

Потребно ви е:

За тава бр. 32:

600 гр брашно

3 дцл вода

1 дцл масло

+

250 гр маргарин

За филот:

500 мелено месо

1 главица кромид

Малку

Сол

Бибер

Испржете го меленото месо, исецканиот кромид и зачините.

Подготовка:

Замесете го брашното со водата и маслото. Оставете го тестото да отстои 1 час.

Потоа, со сукало, расукајте го што потенко и премачкајте го со 1/3 од коцката маргарин (на собна температура).

Преклопете го тестото и оставете го 2 часа. Повторете го ова уште 2 пати, т.е. се додека имате маргарин.

После третиот пат, оставете го тестото 2 часа.

Потоа, развлечете го убаво и исечете го на коцки во посакуваната големина и ставете 1 лажичка од филот на секоја од нив.

Соберете ги спротивните страни на коцките кон средината и превртете за да собраниот дел биде долу. Малку притиснете ги да не се отвараат во текот на печењето.

Редете ги на тавче со хартија и печете во загреана рерна на 200 степени Ц-додека не добијат златно-жолта боја.

На здравје!

Си одите веќе?-Нема проблем! Можеме да се дружиме и да споделуваме рецепти и на социјалните мрежи! Следете ме на инстаграм за уште многу прекрасни рецепти gotvimesojadranka и придружете се на мојата ФБ група Gotvime so Jadranka која веќе брои прекрасни 5000 членови кои споделуваат извонредни рецепти!

Споделете:

2 Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *